Почни со Водно | Trendseteri
Menu

Почни со Водно

Хуминатарна акција за секој со срце

 

Бидете дел од добра и убава акција поврзано со добра забава и журка.

Погледнете што ве очекува и што нуди организаторот:

На последното издание на #ПочниСоВодно ќе имаме хуманитарен хепенинг за семејство од долно Соње. Каде има членови со попреченост и на кого им треба нашето мало внимание. Бидете хумани, бидете луѓе донирајте. А ние ќе пробаме да ви се одолжиме со добра забава и добри награди од нашите подржувачи (види видео во дискусија).
Со вас горе ќе донира и Дџ Mats со прекрасната олд скул музика, ќе донираат и нашите поддржувачи а и целиот тим на Хајкинг и Бајкинг.

Мотото гласи

Планинариме, се освежуваме и се наградуваме!

Забавата на Врв на Водно ќе ја разубави DM drogerie markt Македонија со бројни активности и изненадувања за учесниците.
Овој четврток, нашиот верен партнер специјално за вас подготви:
• дегустација на dmBio органски производи
• освежување со DAS gesunde PLUS шумливи таблети
• Дегустација на DAS gesunde PLUS енергетски и протеински штанглици
• Доделување на 15 подарок пакетчиња за најсреќните

**********************************************************************
Учесниците кои ЌЕ ТРГНАТ од ОУ Кочо Рацин во 18:00 ќе добијат бројче и ќе учествуваат на извлекувањето на 15 подарок пакети со производи од dm!
**********************************************************************

А на врвот нашите пријатели од VIVAX ќе ни покажат како едноставно до здрав оброк со нивните уреди за смути. Свежо приготвените напитоци ќе ни вратат дел од енергијата потрошена за искачување.

Се гледаме на Врв!

————————————————————————–

СТАРТОТ е од КочоРацин во 18:00 Часот.

—————————————————————————
Не заборавај, можеш со точак, можеш пешки.
# Од некаде мора да се Почне
Почни со тренинг,
Почни со дружба,
Почни со нас,
#ПочниСоВодно

Те очекуваат бајкерско – хајкерска коалиција, Macedonian Bike RidersДруштво неозбилни велосипедисти и i love hiking group Macedonia

*****************************************************************************

Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел – алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.
Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците.
И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние.

ОПРЕМА:
– за хајкерите, челна ламба или било какво светло
– за бајкерите, предно, задно, светло, кацига

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 1 л.
– суво овошје, сендвичи и сл.
– домот на врвот е отворен за да си купите ако нешто ви фали.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската и велосипедската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Биди и ти дел од ова манифестација!