Златко Јавоновски како пример кој треба да го следат многу други
Додека големи компании ја злоупотребуваат моменталната ситуација и продаваат заштитни маски дури и по 600 денари, модниот креатор Златко Јовановски се реши на еден многу хуманитарен чекор. Тој во неговото ателје изработи заштитни маски во негов стил кои ќе ги подари на здрваствени работници.
Се надеваме дека овој гест на Златко ќе биде за пример и ќе го следат и многу други компании кои се во можност за било каков вид на помош за оние кои го изложуваат нивното здравје на ризик за да ни го сочуваат нашето.
Еве што изјави Златко Јовановски на неговиот Facebook профил:
—————————-
Драги Пријатели,
по пример од многу компании и фирми кои на овој или на оној начин се решија некако да помогнат во ваков ХАОС, решивме во моето ателје (кое што периодов не работи) да направиме маски кои ќе ги дадеме поклон на здравствените работници. Можеби не се многу, но се направени од срце. Маските се од фин материјал и ластиците се златни – нешто што го одликува мојот бренд JZJ by Zlatko Jovanovski.
Занчи можете да сте ЗАШТИТЕНИ и FASHIONABLE! Јас како дизајнер не го постирам овој пост за да се пофалам, туку да ги МОТИВИРАМ оние што можат да помогнат на било кој начин да го направат тоа во вакво време, кој колку може и во било што.
Јас како дете на двајца здравствени работници сметам дека нивните човечки животи во моментов се можеби и најзагрозени. Затоа ако ништо друго – ОСТАНЕТЕ ДОМА и правете го тоа по дома што секогаш сте сакале да го направите а „сте немале време“ или потрошете го времето креативно – како мене.
Здравје, само З Д Р А В Ј Е и ИНШАЛАХ. Сè ќе биде добро!