Коктел на неделата: Pretty in Pink | Trendseteri
Menu

Коктел на неделата: Pretty in Pink

Потребни состојки:

25 мл. водка

25 мл. порт вино

10 мл. ликер од праска

10 мл. пире од праска

20 мл. сируп од мед

20 мл. свеж сок од лимон

Неколку капки праска битер

Шампањ

Во бостон шејкер полн со мраз ставете водка, порт, ликер и пире од праска, сируп од мед, свеж сок од лимон и неколку капки праска битер. Шејкајте ги состојките 10-20 секунди. Во претходно разладена висока чаша додадете свежи коцки мраз и исцедете ја течноста од шејкерот. Дополнете ја чашата со шампањ. Декорирајте со печена кришка лимета.

Магија… 🙂