Храната е повкусна доколку вечерате со ваков поглед кој остава без здив
Зар не мислите дека храната е повкусна доколку вашата вечера е сервирана на место со поглед кој остава без здив? Ресторан со спектакуларна панорама, секогаш ги подобрува вашите сетила, што вашата перцепција за вкусот на храната ќе ја направи многу пофина.
Сигурно е дека ваквите места стануваат популарни обележја за градовите каде што се наоѓаат и привлекуваат многу гладни туристи од целиот свет. Ако сте и вие еден од нив, погледнете и дознајте кој се 10те ресторани со најспектакуларен поглед во светот.
Ресторан Grotta Palazzese – Италија
Вклештен во карпи со поглед на Јадранското море е местото кое несмеете да го пропуштите.
Andronis – Санторини, Грција
Бутик-ресторан на островот Санторини е комбинација од еден од најимпресивните погледи на море и најлуксузните грчки кулинарски специјалитети.
Crater Lodge – Танзанија
Во областа Нгоронгоро во Танзанија се наоѓа кратер кој е формиран пред повеќе од 3 милиони години. На ова идеално место се наоѓа и Crater Lodge ресторанот со сиот свој луксуз и естетика инспирирана од барокните дворци, барокно украсени маси и позлатени огледала… Овдека не е фокусот во кулинарството, туку во спектакуларниот поглед.
Ithaa – подводен ресторан, Малдиви
Овој ресторан ќе ве импресионира со својата локација повеќе него со било што друго.
Le Panoramic – Франција
Замислете ручек на висина, опкружени со снежна покривка додека вие гледате во висините на Монт Бланк…се ова е возможно во ресторанот Le Panoramic кој се наоѓа во Шамонскиот ски центар во Франција.
El Farallon – Мексико
Овој ресторан го има најубавиот поглед во регионот. Овен што ке останете без текст од преубавиот поглед, храната исто така ќе остави голем впечаток на вас.
Soho House – Холивуд, САД
Во прашање е еден од најлуксузните и најекстравагатните ресторани на оваа листа, а нуди феноменален поглед на Лос Анџелес.
Le Jules Verne – Париз, Франција
Сместен на вториот спрат на Ајфелова Кула и има Мишелин ѕвездички и освен што ќе го имате најубавиот поглед на Париз, ќе имате и незаборавно кулинарско искуство благодарение на познатиот шеф Alan Dukasu.
Sirocco – Тајланд
Се наоѓа на 63от спрат. Замислете си го погледот од оваа висина… Ресторанот нуди уживање за сите сетила со 5 ѕвездички. Со џес музика ќе уживате во европски и азијски специјалитети.
Altitude – Сиднеј, Австралија
Нуди идеален поглед на сиднејското пристаниште, а се наоѓа на 36от спрат и има простор само за 18 гости. Опкружен со стаклени прозори од подот до таванот, гостите обично остануваат без здив од погледот кој им се нуди. Ресторанот е извонреден како и понудата на одлични вина.