„Bohemian Rhapsody“ ја пеат 65 илјади луѓе | Trendseteri
Menu

„Bohemian Rhapsody“ ја пеат 65 илјади луѓе

Снимка која ќе се памети уште долго време

 

Групата Green Day од САД со концерт во лондонскиот хајд парк беа пријатно изненадени кога нивните 65 илјади фанови  ја испеаа „Bohemian Rhapsody“.

Имено, пред самиот почеток на настапот на бендот, на разглас беше пуштен можеби најголемиот хит на легендарниот Фреди Меркури со неговата група Куин, „Bohemian Rhapsody“, кој толпата ја испеа на глас.

Тоа што во тој момент се случи, може да се опише како од бајките, а коментраите на социјалните мрежи најдобро го опишуваат тоа чувство додека ја гледате и слушате снимкава: „Се наежив“, „Ме трогна“ и „Фреди гледа и се радува“!

Легендарен Фреди Меркури – Вечна му слава

Гледај и уживај!