Српската поп ѕвезда Наташа Беквалац го преполни бродот на “Дежаву“ и скоро два часа заедно со публиката крстареше низ времето, почнувајки од нејзините стари хитови „Никотин“, „Поново“, па се до песни од новиот албум и хитчиња од нејзините колеги од српската естрада. Убави луѓе, убава атмосфера. Беквалац позитивна, со голема смисла на хумор, провокативна на сцена и не ги криеше емоциите. Поп принцезата даде се од себе крстарењето во “Дежаву“ да биде успешно. Следниот петок настапуваат македонските легенди “Куку леле“.
Фотографии: Foto Sultan
Официјален сајт на Наташа Беквалац