За сите оние кои се вистински љубители на вискито
Има многу видови на алхохолни пијалоци, но за вискито можеме да кажеме дека е еден од најпознатите и најдобрите во светот. Вискито означува категорија жестоки алхохолни пијалаци, кои се дестилирани од житарици и чувани во дабови буриња. Во зависност од употребата на житариците, варира и видот на вискито. Во најмногу користени спаѓаат ‘рж, јачмен, пченица, пченка и овес.
Најпознати производители на виски се Шкотска, Англија и Америка. Кај нив со векови се произведува овој пијалок, што претставува и еден вид традиција, особено за англичаните.
За сите оние кои се вистински љубители на вискито, ние издвоивме листа на 20 најдобри брендови на виски во светот.