Коктел на неделата - Еспресо Мартини | Trendseteri
Menu

Коктел на неделата – Еспресо Мартини

Кафе-коктел за вистинско освежување

 

За сите страствени кафеџии и истовремено големи љубители на коктели, ова е вистинскиот коктел за вас. Јако еспресо во комбинација со водка совршено се надополнуваат, а уште кога тоа ќе се сервира во мартини чаша, забавата може да започне.  

Потребни состојки: 

30 мл. Водка

15 мл. Калуа (кафе ликер)

30 мл. оладено еспресо

15 мл. Ванила сируп

Во шејкер ставете ги сите сотојки, додадете мраз и силно шејкајте 10-20 секунди. Коктелот претурете го во претходно разладена мартини чаша и декорирајте со неколку цели зрна кафе.