За перфектен џин-тоник
Џинот претставува стар жесток пијалак измислен од страна на Холанѓаните во 1500 година. Џинот се прави од бобинки од смрека и првично бил измислен од страна на Холанѓаните за лечење на многу различни болести, најчесто за бубрезите. Подоцна го присвојуваат Англичаните кои и му го даваат името џин.
Џинот има интересен вкус: или го сакате или го мразите. Поголемиот дел од луѓето кои велат дека не им се допаѓа џинот, всушност имале лошо искуство со неквалитетен џин. Убедени сме дека доколку пробате високо квалитетен џин и го мешате со најдобрите состојки, ќе го промените мислењето за џинот.
Најпопуларниот коктел во светот е џин-тоник. Џин-тоникот содржи ¼ џин и ¾ тоник, обично гарниран со резанка лимета, лимон, портокал, ѓумбир или краставица, коцки мраз и рузмарин.
Овој коктел бил измислен од Британската војска во Индија. Тоникот содржи кинин, кој се користел против маларија. Бидејќи овој противмаларичен тоник во 17 век бил многу горчлив, му се додавал џин за да биде пивлив.
Иако денес речиси и да не се употребува во медицината, овој пијалак и понатаму ужива најголема популарност. Тоникот денес содржи помалку кинин и затоа е и помалку горчлив (обично и заблажен). Поради освежителниот карактер, овој коктел е популарен во потоплите месеци од годината.
За перфектен вкус на овој пијалак од голема важност е секако квалитетот на џин, но исто така и каков тоник користите. Еден од најпознатите премиум тоници е Fever Tree Tonic.
“Доколку ¾ од вашиот џин-тоник содржи тоник, гледајте тоа да биде Fever Tree” – Тим Варило (CEO of Fever-Tree)
Во продолжение погледнете ги најдобрите видови на џин.