Хороскоп - Овен | Trendseteri
Menu

Овен

Овен

 

21. Март – 20. Април

 

Овен – жени

Жените Овен се бурни и полни енергија. Како пријателка, цо неа никогаш не ви е досадно. Таа има утврдени ставови и знае што точно сака во секој поглед.
Кога е во врска, нејзината независност ѝ е од големо значење. На жените Овен им е потребен силен, самоуверен партнер што ќе ги разгалува и кој во однос на страста секогаш ќе понуди нешто ново и возбудливо.

 

Овен – мажи

Мажите Овни се полни со желба за активности и авантури. Желбата за моќ е вродена во нивниот карактер на водач. Тие се сметаат како лојални и сигурни.
Мажите Овни се миленици на жените. Сакаат да си играат со оган и имаат активен љубовен живот. Нивната партнерка треба да им даде многу љубов и да биде лојална -но никогаш да не се обиде да им ја ограничи слободата.