Бел кошула-фустан | Trendseteri
Menu

Бел кошула-фустан

Бел и краток. Апсолутен хит ова лето!


Во мода беа уште минатата сезона, а очекувано ќе се врати и оваа. 

Фустаните кои изгледаат како долги кошули во краток рок ги освоија симпатиите на бројни фанови на модата кои сигурно уште некое време нема да се откажат од ова практично и шик парче кое може да се носи од утро до вечер.

Нивната магија е во тоа што истовремено се класични и модерни, едноставни и ефектни па лесно може да глумат и деловно и лежерно парче, што најмногу зависи од изборот на обувки.