Поп-дивата едноставно е неуништлива | Trendseteri
Menu

Поп-дивата едноставно е неуништлива

Мадона собори уште еден рекорд

 

Кралицата на поп музиката, единствената Мадона кога ги промовираше неколкуте синглови од нејзиниот актуелен албум ја најави и турнејата од 11 концерти низ Америка и Европа. Нејзините критичари веднаш изјавија дека тоа за неа е дефинитивен пад и дека никогаш повеќе нема да се врати на истата слава од порано.

И самата Мадона изјави дека овој пат нема да биде во трка само за профит, како порано кога заработуваше 300-400 милиони долари од турнеја, како MDNA или “Sticky & Sweet Tour. Туку дека овој пат има за цел да воспостави поинтимен и поблизок однос со публиката. Затоа се одлучи тоа да го направи во големите Театри, а не во огромните сали, бидејќи самата бина е блиску до седиштата.

Но, сепак кралицата им докажа на сите критичари дека сеуште е на врвот. Таа од оваа турнеја ќе заработи околу 80 милиони долари. Според математиката просечната цена на картите за нејзината турнеја “Madame X” изнесува 310 долари (од 50 долари до 757 долари), што е апсолутен рекорд во целата музичка индустрија.

До сега најскапи влезници продале Бијонсе и Џеј Зи со просечна цена од 270 долари за билет.