Што се случува со Ева Мендес – преку ноќ од перспективна и секси глумица стана посветена мајка и домаќинка
Една од најубавите љубовни приказни во Холивуд е и онаа на Ева Мендес и Рајан Гослинг, но после 7 години заедништво, две деца и голем труд да го сокријат својот живот од очите на јавноста, се соочија и со првите препреки, ако се верува на гласините кои кружат.
„Ева не ја напушта куќата откако добија деца“ – неодамна откри извор близок на семејството, додавајќи и дека пати од агрофобија и тоа дека на холивудскиот актер му е здосадено секојдневно да го одбива кога и предложува излегување на вечера или прошетка.
Колку е ова вистинито не знаеме, но едно е точно, Ева и Рајан толку ретко може да се видат заедно во јавноста, што многу не би ни претпоставиле дека се во брак.
Од друга страна пак Ева е можеби лута на Рајан, кој и покрај големата љубов и слога одбива да стапат во брак и на хартија.
Ако се вратиме на самиот почеток самата Ева изјавила:„Јас сум особа која ја цени заедницата и не ми треба хартија како доказ за љубов.“ Но потоа во 2011 година го запознава холивудскиот шармер и 7 години помлад од неа Рајан Гослинг и се се променило. Гослинг е вистински заводник во чии прегратки завршија многу популарни актерки, но оваа Американка со кубанско потекло го зароби неговото срце.
Целата нивна врска се одвивала многу тајно, за во 2014 година да го добијат првото дете.
Преку ноќ од секси и перспективна глумица стана посветена мајка и домаќинка која не сака дадилки да ги воспитуваат нејзините деца, како многу нејзини колешки.
„Тоа што луѓето не го знаат за мене е дека вистина повеќе сакам да седам дома, наместо да се фотографирам на црвениот тепих, сакам да поминувам време со моите девојчиња“- изјави Ева во 2017 година, само година дена по раѓањето на втората ќерка и додаде дека одлучила да се исклучи од се и да се посвети на децата и зачувување на нивната приватност.
Без оглед дали гласините за кризата во бракот на Ева и Гослинг се точни, неспорно е тоа дека оваа љубов е многу голема, а тоа го докажуваат зборовите на овој актер: „Знам дека сум со жената која ми е судена, а тоа е Ева Мендес и ништо друго во животот не ми е потребно.“