Трендсетери во посета на ресторанот на Џоковиќ | Trendseteri
Menu

Трендсетери во посета на ресторанот на Џоковиќ во Нов Белград

Новак кафе & ресторан – поим за амбиент, удобност и врвна интернационална кујна

 

Екипата на Трендсетери ексклузивно ви прикажува целосна слика од  нашата посета на еден од најпознатите ресторани во нашиот регион “Новак Кафе & Ресторан”. Овој ресторан чиј сопственик е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Џоковиќ, се наоѓа во Нов Белград и е само дел од ланецот ресторани заштитени под негов бренд, со франшиза која означува поим за прекрасен амбиент, удобност, модерен стил и врвна интернационална кујна. Овој ресторант кој ви нуди пријатна и “тениска” атмосфера е првиот негов угостителски објект кој постои веќе 7 години. Слики од најпознатите натпревари, облека, титули и медали на Џоковиќ се само дел од работите кои можете да ги видите доколку го посетите овој ресторант. Едноставно, го опишува неговиот живот.

“Новак Кафе & Ресторан” со интернационалната кујна, со извонредни комбинации на различни вкусови, автентичен ентериер и врвната услуга го прават посебен и омилен за сите генерации. Салати во најбогати бои, пасти и сосови со најпрефинет вкус, стекови направени со најсовремени рецепти и техники, безглутенско мени, богат асортиман на квалитетни вина од најпознатите светски региони, совршено кафе, коктели за сечиј вкус и десерти кои ќе го финишираат тој магичен круг, прават да се чувствувате посебни и задоволни.

Следете на facebook и instagram за сите најнови понуди, случувања, промоции, изненадувања. Уживајте во галеријата…