Главната хероина на “Медена земја” Атиџе Муратова замина за Лос Анџелес
Најдолгоочекуваниот ден за тимот на “Медена земја” но и за сите нас во Македонија е недела, 9 февруари. Денот кога ќе можеме да го видиме исходот од Оскарите.
Атиџе веќе е на пат кон Лос Анџелес и заедно со екипата ќе зачекорат на Оскари во креации на Тања Кокев.
“Медена земја” има две номинации за Оскар – за Најдобар интернационален филм и Најдобар документарен филм.
Ви посакуваме среќа екипи и ве чекаме со Оскар дома!