Атиџе замина во Холивуд по Оскарот | Trendseteri
Menu

Атиџе замина во Холивуд по Оскарот

Главната хероина на “Медена земја” Атиџе Муратова замина за Лос Анџелес

 

Најдолгоочекуваниот ден за тимот на “Медена земја” но и за сите нас во Македонија е недела, 9 февруари. Денот кога ќе можеме да го видиме исходот од Оскарите.

Атиџе веќе е на пат кон Лос Анџелес и заедно со екипата ќе зачекорат на Оскари во креации на Тања Кокев.

“Медена земја” има две номинации за Оскар – за Најдобар интернационален филм и Најдобар документарен филм. 

Ви посакуваме среќа екипи и ве чекаме со Оскар дома!