6 години успешна приказна на фризерското студио „Popeye“
„Необичното“ фризерско студио Попај на денешен ден пред 6 години ја започно својата успешна приказна.
Со отварање на првиот салон во ТЦ Беверли Хилс во Скопје – Капиштец, ова студио воведе нови практики во берберскиот занает. Со таа практика се продолжува и во салонот „Popeye 2“ во населбата Влае – Скопје.
Во фокусот на тимот на фризерскиот салон Попај стојат муштериите кои не доаѓаат само за потстрижување. Сè повеќе во фокус на услугата стојат и дополнителната понуда за нега на лицето.
Ви честитаме за овој успех и посакуваме уште многу заеднички години.