Мажите кои чистат по дома имаат подобар сексуален живот | Trendseteri
Menu

Мажите кои чистат по дома имаат подобар сексуален живот

На педантните мажи повеќе им се насмевнува среќата


Според една студија, педантните и средени мажи и плус имаат чист и уреден дом имаат подобар сексуален живот. Во истражувањето учествувале 2000 мажи кои требале да се опишат себе си како супер педантен, просечно педантен или непедантен човек, а после тоа одговарале и на низа прашања за нивниот животен стил и навики.

Резултатите покажале дека оние кои се сметаат себе си за супер педантни имаат двојно подобар живот од оние кои признале дека се несредени. И исто така супер педантните мажи имаат од 7 до 10 проценти подобар сексуален живот отколку несредените и 75 проценти од нив се посреќни во љубовта.

Еве да замислиме вака: Дали вие како зрела жена ќе се запалите на него доколку ја видите кујната кај него дома преполна со остатоци од храна, расфрлани прљави алишта и нечиста постелнина? Мислам дека сите го знаеме одговорот.

Главни причини зошто сексот пропаѓа

 

Според студиите на една компанија која продава украси за домовите, каде испитаните напишале 10 работи поради кои не се случува секс, 2 од нив се однесуваат на чистотата и хигиената. На прво место е непријатниот мирис во домот, а на второ место е нечистата бања.