Природни и убави
Сакате да ги нагласите веѓите, а да изгледаат природно?
Потребни ви се само пинцета и молив за веѓи кој е за нијанса посветол од бојата на вашата кожа, но и во согласност со вашиот тен.
Со моливчето обојте ги врвовите на пинцетата и со неа поминете низ веѓите, така што над и под нив ќе добиете линија.
Потоа, земете четка за веѓи или стара маскара и исчеткајте ги веѓите во форма на нивниот раст.
Ќе добиете совршено нацртани и обоени веѓи.
За крај уште една препорака. Внимавајте на пропорците на веѓите со вашето лице!