Најдобрите хорор филмови на сите времиња | Trendseteri
Menu

Најдобрите хорор филмови на сите времиња

Поггледнете кои се најдобрите хорор филмови од жанрот психо трилери на сите времиња

 

Во повеќето случаеви кога зборуваме за хорор филм, за многу добри ги оценуваме оние од кој ќе се наежиме и ќе ни се заледи крвта…а баш такви и најдовме за да ви ги препорачаме.

 

1. Psycho

Се зборува дека е најстрашен филм на сите времиња.

 

2. Paranormal Activity

Како и обично, првиот дел е најдобар од сите продолженија. Нема коски, нема крв, но е престрашен. Воедно се смета и за едне од најпрофитабилните филмови на сите времиња.

 

3. The Others

Се одвива во вила на брегот во Англија, после Втората Светска војна. Никол Кидман глуми строга, религиозна мајка, чии деца се преосетливи на светлина, па по цел ден се затворени во куќата и чекаат да им се врати таткото после војната.

 

4. The Blair Witch Project

Троица средношколци ја истражуваат легендата за шумата во Мериленд, а снимката е единствено што останува позади нив, откако ќе исчезнат. Иако ваквите хорори повеќе не се убедливи, овој секако ќе ве натера да размислите ако треба да одите на кампување.

 

5. What Lies Beneath

Клер по сообраќајната несреќа сосема ќе го изгуби помнењето, но по некое време ќе почне да гледа духови на својот имот. Нејзиниот сопруг мисли дека таа сосема го изгубила разумот.

 

6. Rosemary’s Baby

 Ова е класика помеѓу психолошките трилери и е филм кој што морате да го погледнете иако не се препорачува на идните мајки.

 

7. Funny Games

Овој филм во вистинска смисла на зборот, ја заледува крвта. Филмот е навистина тежок за гледање што го докажува тоа што еден од главните актери одбил да го погледне филмот кога бил готов. Затоа што самото снимање доволно го вознемирило.

 

8. Insidious

Иако е потпишан од авторското дуо кои го направија филмот „Пила“, со ова докажаа дека можат да направат квалитетен хорор без крв и со многу помал буџет.

 

9. The Nameless

Неколку години откако е пронајдено телото на нејзината ќерка, жена добива чуден повик, заради кој сака повторно да го отвори случајот. Филмот е микс од психолошки трилер и натприроден хорор.

 

10. The Changeling

И за овој филм се зборува дека е најстрашниот хорор на сите времиња иако се работи за типичен хорор со проколната куќа.