Неколку цитати кои ќе ве извадат од минатото
Оставање на минатото веројатно е една од најтешките работи да се направи. Можеби чувствувате дека е лесно, особено ако минатото е полно со лоши спомени, но што мислите за оние ситуации кога сте морале да пуштите некого или нешто што ви било важно? Тоа се времиња кои тешко ги забораваме и напуштаме.
Ако ве гушат сопствените мисли и прават да ви е потешко да гледате во иднината, тогаш употребете ги овие цитати за да постигнете позитивен начин на размислување.
- Ако вистина сакате заклучоци… во некој момент морате да затворите врата.
- Понекогаш на вашето срце му треба повеќе време да го прифати она што вашиот мозок го знае.
- Ако сакате да ви заздрави раната, треба да престанете да ја допирате.
- Ако не го оставите вашето минато во минатото, тоа ќе ја уништи вашата иднина. Живејте за она што вашата сегашност ви го нуди, а не за она што вчера ви се одзема.
- Најлесен начин да поучите некој како да постапува со вас е да одбиете да му дадете можност повторно да ве повреди.
- Прифатете што е, отпуштете го она што било и верувајте во она што ќе биде.
- Престанете да ја барате среќата на исто место каде што ја изгубивте.
- Ако нешто сте изгубиле, тоа значи дека ви е судено да најдете нешто подобро. Направете место за она што доаѓа.
- Понекогаш мора да го пуштиме она што не убива, дури и ако не убива тоа што мораме да го пуштиме.
- Што повеќе лутина носите во срцето за минатото, помалку сте способни за љубов во сегашноста.
- Вдишете иднина, издишете минато.
- Направете го ова: живејте го моментот!
- Можете да се движите напред само ако прифатите дека минатото исчезнало.
- Еден од најхрабрите моменти е кога ќе го оставите она што неможете да го промените.
- Времето не лечи ништо како не тргнете понатаму.
- Немој да се плашиш да почнеш од почеток, тоа е потполно нова можност да го направите она што сакате.
- Кога ветрот ќе го промени правецот, некој луѓе градат ѕидови, вие градете ветерници.
- Ниту една количина на вина нема да го разреши минатото. Затоа зграпчете ја иднината со двете раце.
- Не можете да дојдете до она што е пред вас, додека не го отпуштите она што е зад вас.
- Не плачете за минатото, исчезна. Нека не ве плаши иднината, не е дојдена, живејте сега и направете го моментот најубав!