Искрена љубов | Trendseteri
Menu

Искрена љубов

На крајот од денот не доаѓа оној кој го чекаш, туку оној кој се грижи

Високи потпетици, совршен кармин намести ја најубавата насмевка… во огледалото види ја најубавата принцеза каква што си. Не дозволувај да те гази животот, ти гази низ него.

Со крената глава, со насмевка на лицето. Секоја жена е родена да биде кралица, биди токму тоа. Горда, достоинствена… Не ти треба некој да ти ги брише солзите, туку некој кој нема да ги предизвика. Доста ти беа машки, потребен ти е маж. Маж кој на твоето „Ми недостигаш“ одговара со „Доаѓам“.

Кога тој знае да води, таа не прашува каде. Ако покрај него не ја чувствуваш жената во себе, тој не е мажот кој ти недостига. Ако тој не прави да се чувствуваш посебна, направи сама. Замини и со себе понеси ги своите соништа и надежи… сета своја љубов. На крајот од денот не доаѓа оној кој го чекаш, туку оној кој се грижи…