Љубов од срце | Trendseteri
Menu

Љубов од срце

Никој досега не ја убил љубовта со срцето, а со главата – многумина


Најлошо е кога луѓето се сакаат, а не се разбираат.

Кога се посакуваат, а не се осмелуваат.

Кога се бараат, а се губат во барањето.

Знаете, навистина постојат тие љубови што се толку исти во срцата, но и толку различни во главите.

Таквите љубови не ги убива љубомората.

Не, не.

Љубомората ги убива оние површните, а ваквите – ги убиваат недоразбирањата.

Со срцето е лесно.

Тоа има само две функции.

Срцето пупма крв и срцето љуби.

Тоа се единствените две работи што треба да ги прави.

Првата функција нè одржува во живот, втората го одржува животот во нас.

Проблемот е во главата.

Таа има толку функции, толку работа, па треба уште да мисли на емоциите.

Веќе сте чуле дека сè доаѓа од главата, па така и убивањето на љубовта доаѓа од главата.

Не дозволувајте ѝ на главата кога ќе почне погрешно да ги толкува мислите, да почне да ги толкува и емоциите.

Никој досега не ја убил љубовта со срцето, а со главата – многумина.

Vesna Jovanovska, advokat, весна, јовановска, адвокат, бина