Љубовен хороскоп за Стрелец – месец март 2018та
За стрелците поголем дел од месецот ќе помине релативно мирно. Повеќето планети ќе бидат позиционирани во вашето поле на дом и семејство, па од таа причина поголем дел од Стрелците ќе почуствуваат потреба да се изолираат од секојдневното брзо темпо. Оваа поставеност им носи поволности на оние кои веќе се во заедница. На оние кои ја планираат, пак, месецов е поволен во таа насока, додека оние кои се во потрага по нова врска, ќе треба да го почекаат крајот на Март. Крајот на месецот ќе биде одбележан со ретроградното движење на Меркур, кој воедно владее со вашето поле на партнерски односи. Оваа состојба ви враќа лица од минатото, како и еден куп нерасчистени односи и недовршени разговори. Всушност, прилика да завршите со истите. Полната Месечина на крајот од месецот го активира вашето поле на емотивни врски, па со тоа и состојбата во истото ќе се менува на подобро.
Поволни датуми: 8,9 и 31.
Неповолни датуми: 2,3,23 и 24.