Хороскоп - Стрелец | Trendseteri
Menu

Стрелец

Стрелец

 

23. Ноември – 21. Декември

 

Стрелец – жени

Веселата природа на жените Стрелци ги прави атрактивни партнерки за мажите, но никогаш не може да се биде сигурен за нивните цели. Вашиот енузијазам и изразената смисла за хумор, досетливоста, искрената и великодушна природа ќе ви донесат многу пријатели, но по извесно време може да ви стане досадно. Но ако веќе имате некој во срцето, ќе му дадете сè што ќе посака.

 
Стрелец – мажи

Тој најдобро знае како себеси да се претстави во добро светло. Ако подобро го запознаеш, веднаш прави да се чувствуваш полн со живот бидејќи мажите Стрелци се весели, шармантни и неодоливи. Нивниот оптимизам делува заразно. На животот и врските гледаат со хумор.
Мажите Стрелци со задоволство се вљубуваат, но се плашат од сериозни врски кои можат да ја ограничат нивната слобода.