Љубовен хороскоп за Скорпија – месец март 2018та
За неуморните Скорпии овој месец носи изобилство од задоволства на емотивен план. Поголем дел од планетите во движење во овој месец ќе се движат во вашето на емотивни врски, па од таа причина желбата за делување на емотивен план се буди заедно со почетокот на месецот. Во втората половина од месецот Скорпиите ги очекува реализација на возбудливи, но и интензивни љубовни искуства. Љубов преку пријател, или пријателство кое ќе прејде во љубовна врска е една од најважните состојби која Скорпиите ќе имаат за задача да ја препознаат. Токму кулминацијата на настаните и полната Месечина ќе се случи во вашето поле на пријателства и контакти преку истите, па голема е веројатноста во тие денови да откриете и дознаете нешто што од страна на ваш пријател било прикриено во врска со ваши одлуки на емотивен план.
Поволни датуми: 6,7,26 и 27.
Неповолни датуми: 1,2,30 и 31.