Јарец | Trendseteri
Menu

Јарец

Љубовен хороскоп за Јарец – мај

 

Остроумните и секогаш стабилни Јарци, овој месец ќе бидат поактивни од било кој месец претходно. Маса на планети сконцентрирани во вашето поле на личноста, карактерот и идентитетот ќе ве натераат да отстапите од принципите и правилата на кои сте навикнати, а кои најчесто сами си ги поставувате. Искористете го максимално овој месец бидејќи фокусот на планетите на личен план ќе ви даде сила и енергија да ги донесете правилните одлуки. Втората половина од месецот е посмирувачка, па ќе можете без поголеми притисоци да ги направите вистинските чекори. За Јарците родени во првата декада, од особена важност се датумите околу 13ти и 17ти Мај, бидејќи тогаш ќе биде важно да ги решат оние прашалници кои подолго време ги вознемируваат. Младата Месечина во Бик, ќе ја истакне уште повеќе потребата за емотивниот живот на која нема да можете да и се спротиставите овој пат. Единствено треба да внимавате во последните недела дена од месецот, ќе бидете изложени на незадоволство од страна на луѓето со кои сте опколени.

Поволни датуми: 5,6,23 и 24.
Неповолни датуми: 8,9,27 и 31.

ВРАТИ СЕ НА ПРЕГЛЕД  – ХОРОСКОП