Божиќ со стил! Совети за дом од соништата! | Trendseteri
Menu

Божиќ со стил! Совети за дом од соништата!

Еуфоријата за Божиќното уредување на домот не остава никој рамнодушен

 
Украсите, особено оние што самите ќе ги изработите, поттикнуваат добро расположение и ја будат детската радост и разиграност во вас. Најголема дилема е кој стил да го изберете. Ние ви предлагаме две тренди варијанти, од кои едната е повеќе традиционална, а другата модерна.
 
Сакате да бидете модерни, но тоа не значи дека морате да се одречете од традиционалното украсување. Спој на едното и другото е повеќе од добредојдено.
 
Традиционалните бои како црвена, зелена, сребрена и златна, секогаш можете да ги задржите, исто како и фигурите од детството како Дедо Мраз, снешко, еленчиња… но тие можат да бидат во модерна варијанта. Доколку сте од оние кои не сакаат сјај, можете да одберете матирани лампиони, а наместо лед сјалички, можете да одберете топциња исто така мат нанижени на украсни ленти.
 
Нека работи вашата имагинација, украсете со бисери, гранчиња од елка, свеќи, лампиони во сите големини, шишарки… Со што и да посакате… Нема да погрешите никогаш кога уредувате со љубов.
 
Нека нашиот избор ви даде идеи, а вие додадете креативност и уживајте во празниците.