Најлуксузни куќи кои се на продажба | Trendseteri
Menu

Најлуксузни куќи кои се на продажба

Најскапите недвижности во светот кои се на продажба оваа година


Од Бел Ер до Барбадос, од Хонк Конг до Хамптонс, ранчови, пентхауси, ова се 10 најлуксузни недвижности кои се на продажба оваа година.

Како го замислувате вашиот дом доколку бевте меѓу најбогатите луѓе во светот? Куќите од оваа листа имаат по стотина соби, дизајнирани од професионалци и архитекти и негувани со најубавиот луксуз што некогаш можете да го замислите. Имоти чие одржувања чинат по неколку милиони долари годишно.

Видете ги 10-те најскапи имоти во светот кои се моментално на продажба. Заедно чинат неверојатни 3 милијарди долари. 

 


10. 90 Jule Pond Drive, Southampton, New York — 145 милиони долари

На површина од 170.000 2м оваа вила е на продажба во САД – Саутемптон. Новиот сопственик би имал огромен комодитет во 1.800 2м , кои ги нуди овој објект.


9. Vatuvara Private Islands, Fiji – 155 милиони долари

Понудата на овој приватен остров со површина од неверојатни 22 милиони 2м, вклучени се 3 вили и приватен авион. 


8. Villa Firenze, Beverly Park, California – 160 милиони долари

Италијански шмек во срцето на Беверли Хилс. Оваа луксузна вила со пвршина од 1.800 2м, новиот газда ќе го маѓепса со италијанскиот стил.


7. Mesa Vista Ranch, Pampa, Texas – 220 милиони долари

Овој ранч кој се растега на површина од неверојатни 260 2км е на продажба во Тексас-САД. Новиот газда поред потребата на безброј домашна послуга за одржување на објектот кој нуди 3.000 2м, потребен ќе му биде и вреден градинар.


6. Aspen Valley Ranch, Aspen, Colorado – 220 милиони долари

Овој ранч е на продажба во скијачки центар во Аспен-САД. Се нудат 8 вили со вкупна поврчина од 3.200 2м, кои се расподелени на парцела со пвршина од 3 милиони 2м.


5. Casa Encantada, Bel Air, California – 225 милиони долари

Вилата Casa Encantada е историски објект од далечната 1937 година. Вилата, која е изгредена во форма на буквата „Н“, нуди комотни 3.700 2м. 


4. Gateways Canyons Ranch, Gateway, Colorado – 279 милиони долари

Овој објект со површина од 2.000 2м е поставен на ранч со површина од  35 2км во Колорадо-САД.


3. Pierre Cardin’s Bubble Palace, France – 390 милиони долари

Овој објект, во сопственост на модниот креатор Пјер Каредн е веќе неколку на продажба. Интересниот футуристички стил иако е единствен, му ја отежнува продажбата на овие 1.100 2м. Објектот нема ниту една ќош. Сите соби, врати и прозорци се заоблени.


2. 24 Middle Gap Road Hong Kong – 447 милиони долари

Објектот во Хонг Конг е скоро наискап, но најмал објект во оваа понуда. Со „само“ 575 2м не нуди раскош како другите објекти. Сеоак ја постигнува цената поради локација, која се наоѓа во најелитниот дел на Хонг Конг, каде што нема ниту една слободна парцела за дополинетелен објект. 


1. The One, Bel Air, California – 500 милиони долари

Иако е овој објект поставен на најмалата парцела од оваа понуда, „The One“ има стамбена површина од неверојатни 9.200 2м. Објектот нуди 20 спални соби и 30 бањи. Во салонот, кој со 510 2м е поголем од скоро сите приватни објекти во Македонија, новиот газда ќе може да ужива во погледот на Лос Анџелес.