Што сакаат мажите? | Trendseteri
Menu

Што сакаат мажите?

Ова се емотивните потреби на секој маж


Кога се работи за емотивните потреби, мажите и жените целосно се разликуваат. Иако не треба да се генерализира, сепак постојат одредени емотивни потреби кои ги имаат сите мажи. За жал, кога сме во врска, некогаш забораваме да им ги исполниме.


Токму поради овие занемарени ситници, со тек на време може да се појават недоразбирања во врските. Па, доколку сакате да имате среќен, насмеан и задоволен маж покрај себе, посветете повеќе внимание на овие работи.

Дајте му простор и приватност

И на вашиот партнер му е потребно време кое ќе си го посвети на себе. Можеби сака да се опушти со омилената книга или сака да оди на вечера со пријателите каде што ќе зборуваат за „машки“ теми. Нема потреба постојано да го гушите со вашето присуство, затоа што, одвреме-навреме, држењето дистанца е здраво. Во крајна линија, кога не сте заедно, можете да размислувате за вашата врска, за тоа колку се сакате и за тоа колку сте си важни еден на друг.

Преземете иницијатива

Ако сте во врска подолго време, веќе одамна сте го надминале верувањето дека тој треба постојано да го презема првиот чекор за сѐ. Секако дека тој се грижи за вас и дека со задоволство би правел сѐ, но понекогаш направете го и вие тој чекор и преземете иницијатива за некои работи во врската.

Покажете му дека го цените неговиот труд

За мажите постои заблуда дека тие не вложуваат доволно труд во врската, но тоа не е точно. Ако вашиот партнер ве сака, тој со уживање ќе прави сѐ за напредокот на вашата врска. Но, не би било лошо и ако добие некое признание од ваша страна. Дајте му до знаење дека го цените и дека сте му благодарни за сѐ што прави за вас двајца.

Немојте да го менувате

Тој е ваш избор, баш таков каков што е. Ако сте го засакале таков, со сите свои маани и квалитети, нема потреба да го менувате сега. Со ова ќе оставите впечаток дека не сакате да бидете со него, нешто што може да му ги повреди чувствата.