Прада и Адидас ги претставија првите модели | Trendseteri
Menu

Прада и Адидас ги претставија првите модели

Prada x Adidas лимитирана колекција

 

Италијанскиот дизајнерски моден гигант и омилениот германски спортски бренд за здружија и заеднички ја лансираа лимитираната колекција.

Откако пред неколку недели одекна веста за соработка на Prada и Adidas, брендовите конечно ги претставија моделите кои ќе бидат дел од колекцијата.

Се работи за двата најпрепознатливи модели на Adidas Originals, култните Superstar патики и спортска торба, сега веќе под името “Prada Superstar” патики и “Prada Bowling bags for Adidas” торба. Се работи за limited колекција, и двата модела ќе бидат изработени во италијанската работилница на Prada во 700 парчиња унисекс патики и торби, и секој пар ќе биде посебно нумериран.

Овие модели ќе бидат достапни онлајн од 4-ти декември.