Хит палта во модерни бои
Палтото е одлично решение за пролетните денови!
Како да се облечете за ладното утро и врелото попладне е најголемата дилема овој период. Најдобро решение е палтото, а оваа сезона се модерни нешто подолги кои наутро добро ќе ве згреат.
Ако на себе ставите марама и под палтото се облечете слоевито, ќе бидете затоплени, а подоцна само ќе извадите еден слој од себе и ќе изгледате одлично.
Хејли Болдвин, прогласена за најсексапилна жена на планетата, го потврдува тоа. Таа со палто комбинира дебели блузи, широки ролки и тенки топ маици.
Погледнете во галеријата како изгледаат овие комбинации!
![](http://www.trendseteri.com/wp-content/uploads/2019/04/Palto-1-1024x683.jpg)
Photo: Profimedia