Онака слично како што ги сакаш другите…
…да си кажуваш секојдневно дека се сакаш, да се прашаш како си денес, да си се почестиш за роденден и секој втор ден, да си приредиш забава и изненадување, да се однесеш на вечера и да се дотераш допаѓајќи се. Кога последен пат се грижеше за себе?
Ти целата љубов им ја даваш на другите, а негативната критика само на себе. Сè нека биде во едно! Дај си оддишка и појди на местото кај што сакаше, направи си еден романтичен викенд, обој ја косата онака како што долго време сакаше. Подароците кон себе секогаш треба да имаат повисока цена од онаа за другите. Знаеш зошто? Затоа што љубовта кон себе е секогаш возвратена. Знаеш зошто? Затоа што им покажуваш на луѓето дека си научил прво да се сакаш себе и дека така ќе знаеш како вистински се љуби друг. Што и да правиш, испробај прво на себе.
Марија Лозаноска