Најдобрите луѓе најмногу патат | Trendseteri
Menu

Најдобрите луѓе најмногу патат

Добрината многу вреди, но и многу чини


Воопшто не е случајно што најдобрите луѓе кои ги познаваме се баш оние кои претрпеле многу порази, многу пателе, а сепак го пронашле патот од сето тоа. Тие особи преку сопстевната болка и патење, научиле да ја разбираат и ценат борбата на другите луѓе, стекнале моќ  за емпатија, нежност и развиле грижа и љубов за другите. Убавината на нивната личност не е нешто што им е дадено од раѓање. Тие ја стекнале поминувајки низ пеколот.
 
Добрите луѓе самите се направиле такви, бирајки да не бидат жртви и не предавајки се.
 
Животот нив не ги галел, родени се во мрачни времиња и живееле во тешки услови, но секогаш го наоѓале начинот да го осветлат своето тмурно секојдневие и да го извлечат најдоброто од себе во тие околности.
 
Тие не се родени под среќна ѕвезда, сами мора да ја искреираат додека животот на секој ќош им подготвува ново изненадување.
 
Какви да имале препреки добрите луѓе имаат едно заедничко нешто, сите преживеале пекол и од се тоа излегле како особи кои секој би ги посакал во своја близина- полни со топлина, љубов, мудрост, личности кои зрачат со светлина и среќа.
 
Тие треба да работат за она што другите го добиваат на готово и да се борат за привилегијата да живеат нормално како сите други…
 
Искалени со сето тоа искуство, светнуваат како дијамант.
 
Тие најмногу сакаат, затоа што и најмногу патат.
 
Добрите луѓе на препреките гледаат како на сопствен развој. Они не дозволуваат во тешките околности некој да ги облева со песимизам, затоа што добро знаат дека од тоа нема никаква полза. Тие се научени да размислуваат позитивно и кога им е најтешко.
 
Нивната добрина е родена од суровоста и искуството на сопствена кожа од времето кое го живееле.
 
Затоа со другите тие се добри и нежни и даваат поддршка и охрабрување на оние на кои им треба. Тие не дозволуваат нитуеден нивни близок да почувствува дел од нивната болка, затоа што преживеале бура и сега помагаат другите да не потонат. После секој нивни пад, гордо стануваат на нозе и упорно го пратат својот пат иако ветерот им дува во лице. Не се одкажуваат никогаш.
 
Во животната трка секој обично се гледа само себе, но оние кои го знаат лицето на патењето, водат сметка за своите блиски, за своите сопатници и за оние кои можеби водат слична битка.

Katerina Velkovska, Катерина Велковска, Кејт, Кате, Kejt, Kate