Кога ќе почувствувате дека не припаѓате... | Trendseteri
Menu

Кога ќе почувствувате дека не припаѓате…

Размислете дека може сте само на погрешно место

 

Кога ќе почувствувате дека не припаѓате во одредена група на луѓе, размислете дека може сте само на погрешно место.

Друштвото не секогаш ќе те сфати. Друштвото не секогаш ќе го сфатиш. Доколку само ти си несфатениот, веднаш ќе помислиш дека ти си тој што не чини. Но, пред да се осудиш, дали си размислил дека можеби не треба ти да бидеш на тоа место?

Дека не е до тебе, дека не е до нив, туку едноставно не се сфаќате? Си пораснал, си сменил град и професија, поинаку го гледаш животот, длабоко размислуваш за уметноста и наоколу никој не те сфаќа. И не значи дека не постојат луѓе кои размислуваат како тебе. Постојат оние со кои ќе си дополнувате реченици, ќе се разбирате со поглед, ќе се инспирирате, ќе се мотивирате.

Не мора да останеш во околина која не те разбира само затоа што ќе бидеш помалку другар ако заминеш. Во тој случај не си другар со оној кој најмногу треба да му бидеш – на себе.

Марија Лозаноска