„JO.AN“ Fashion & Lifestyle Expo 2018: Креации создадени за отменост и нежност | Trendseteri
Menu

„JO.AN“ Fashion & Lifestyle Expo 2018: Креации создадени за отменост и нежност

„JO.AN“ Fashion & Lifestyle Expo 2018: Креации создадени за отменост и нежност

 

Дизајнерката Андријана Јовановска која стои зад брендот “JO.AN”, ја започна приказната за колекцијата „Чувства“, која беше дел од овогодинешното издание на “Fashion & Lifestyle Expo”. Таа ја промовираше новата колекција на елегантни и свечени креации за сензуални и силни жени на нејзината ревија на првата вечер (четврток 22 март) во Македоската Опера и Балет во Скопје.

Нејзината колекција се состоеше од 15 модели на фустани, во кратки и долги варијанти. Младата дизајнерка преку овие креации ја истакнува потребата на жената, секогаш на прв план да ја истакне својата женственост, проткаена со чувствителност и сексибилност, каде без претерано наметнување доаѓа до израз нејзината нежност, отменост и кревкост и паралелно со тоа ја истакнува својата умешност гордо и силно да му пркоси на предизвикот.

На колекцијата доминираа црната и крем боја, но исто така беа застапени и црвената и жолтата боја, која и  дадоа чувство на живост и на енергичност на целокупната слика.

Foto: Ana Grkovska