Постара сестра е најубавиот подарок кој родителите ти го подариле | Trendseteri
Menu

Постара сестра е најубавиот подарок кој родителите ти го подариле

За сите вас кои имате постара сестра или пак вие сте постарата сестра…


Има неколку причини зошто постарата сестра е најубавиот подарок од вашите родители, а ние ви издвојуваме 8 :

 

1. Ви помогна да ја изградите вашата личност

Постарата сестра е подарок од небо, но исто така знаат да бидат и вистински ѓаволици. Со неа сигурно сте имале ситуации кои го зајакнале вашиот карактер- на пример, кога ќе ве откачи за да биде со своите пријатели или намерно нема да ве пронајде додека играте криенка. Така многу се учи.

 

2. Со неа можете вистински да разговарате

Понекогаш е тешко да се разговара со родителите, а помладите браќа и сестри неможат секогаш да не разберат. Затоа постои постарата сестра.

 

3. Ги научи вашите родители на многу работи

Вашите родители на неа ги направиле сите поголеми грешки кои можеле да ги направат, така да сега знаат како треба со вас да постапат. Тоа е баш убаво, нели?

 

4. Секогаш можете да се „истресете“ на неа

Не можете туку така да се „истресете“ на своите пријатели, тогаш нема уште долго да ви останат. Сестрата ќе ви прости и ќе ве сака па и ако без причина го истурите бесот на неа.

 

5. Радо ве носела секаде пред да можете вие сами тоа да го правите

Убаво од нејзина страна, нели?

 

6. Можевте да ја копирате и имитирате

Постарата сестра е супер да ја копирате, па таа веќе го помина сето она што вие го поминувате, така да само треба да сакате да бидете како неа.

 

7. Секогаш ви го чува грбот

И вие и го чувате грбот.

 

8. Она е вашиот гуру

Затоа што веќе поминала низ сèто она што го поминувате вие, таа може да ви даде фантастични совети. Воедно вие сте член од семејството, знае како функционираат работите дома, се грижи за вас и за тоа што ви се случува.

Дали се согласувате???