Живееш свој живот | Trendseteri
Menu

Живееш свој живот

Енергетски рингишпил

 

Денот се обидува да ме цеди како лимон. Нека ме цеди. Денот е лимон, а енергијата ми е како текила која полека прима се што ми дава денот. Енергетски рингишпил кој го изгубил својот тек. Рингишпил од идеи, рингишпил од емоции, рингишпил од маски кои околината ми налага да ги ставам. Не се достојни за да бидат закачени на мојот лик Имам камуфлажа да се спуштам на нивно ниво.Таа е таа еластичност што ја има отворениот ум.

Можам, но не сакам. Доволна ми е оваа природна фасада. Таа ги потцетува луѓето на тоа која сум навистина и што можам да понудам на светот. Бараат почит што не ја заслужуваат, бараат скапоцени зборови, кои не се достојни да ги носи нивната титула. Брендирана сум како етикета од Кина, универзална како павлака. Можам да се спуштам на нивно ниво, но не ми го дозволува тоа интелектот кој полека ми го сјеба животот. Најпаметна, најглупава,, најтромава. Како инстант кафе, три во едно.

Потоа се чудат зошто го бакнувам часовникот кога станувам во пет наутро. Затоа што ме сака, затоа што единствено тогаш можам да се нурнам во длабочините на своето лудило. Другите нека продолжат да спијат. Потребен им е сон за лажните и скапи маски. Јас и оние ранобудните, први му приоѓаме на светот во преградка.

И кога од раните зори ќе успееш да ги фатиш сите конци кои денот полека ги испушта како здолниште кое се распорува, ќе сфатиш дека нема време за губење. И не знам зошто продолжуваш да го читаш текстот кој се протега како адолесцентка во нечиј кревет. И не знам како и кога да ставам крај на текстот, но знам како да продолжам да терам како што сакам. А, сакам да продолжам да живеам како што сакам. И кога ќе ме нема повторно ќе зборуваат за мене како ме заебале, како од мене наебале. Но, во едно ќе бидат во право. Ќе бидат во право кога ќе кажуваат

ЖИВЕЕШЕ КАКО ШТО ТАА САКАШЕ.

 

Д.А. Патникот со закрпени патики