Црна овца | Trendseteri
Menu

Црна овца

Феномен или обично покажување со прст?

 

Црна овца. Во семејството, во општеството, во друштвото. Феномен или обично покажување со прст?

Црната овца веднаш ја забележуваш. Нејзе ѝ се смеат дека е различна, а таа дека се сите исти. Тоа е онаа овца која ја кажува вистината. И нормално, белите овци, како истомисленици, ќе бееее-каат по неа. Ако една каже дека не е во право, сите по неа.

Таа е црна затоа што ја знае црната вистина. Онаа која сите ја мислат, но не се осмелуваат да ја кажат. Затоа што ќе ги зацрнат, исто како неа.

Таа само има храброст да ја каже вистината, тоа е разликата. И не се обидува да облече бело руво, не. Таа е таква и нема да се избели. И по цена цел живот да ја покажуваат.

И кога ќе дојде денот да се разбудат дека ‘царот е гол’, таа ќе го спаси за да не шета така.

Чунки, сите ќе знаат дека таа не лаже.

Во најлошото црната овца е најдобрата.

Таа ќе ве спаси кога сите ќе ви мачкаат очи.

 

Марија Лозаноска