Chanel - нема да користиме животинска кожа и крзно | Trendseteri
Menu

Chanel – нема да користиме животинска кожа и крзно

Крај на една ера, Chanel е првата луксузна модна куќа која нема повеќе да користи животинска кожа и крзно во своите колекции

 

Претседателот на модната куќа Chanel, Bruno Pavlovsky изјави дека оваа одлука е и практична, затоа што тешко се наоѓа кожа која со квалитет би ги задоволила етичките стандарди и стандардите на овој бренд.

Во склад со силните притисоци за еколошко производство, како и оние кои доаѓаат од здруженијата за заштита на животни, Chanel донесе одлука која се збогуваше со крокодилската и питон кожа, како и со крзното.

Кога знаеме дека поголемиот дел приходи доаѓа од асесоар линијата во која повеќето модели се направени од кожа од различни животни, а посебно од питон или крокодил, така што чантите и чевлите чинат повеќе од 9000 евра, мораме да ја поздравиме одлуката на оваа модна куќа, која сепак најави дека ќе продолжи со оддржавање на високо ниво стандарди и квалитет без оглед на оваа одлука.

Веќе од денес од страната на Chanel тргнати се сите чанти од питон кожа.

„Ова беше одлука која мораше да се случи. Таа лебдеше низ воздухот веќе некое време. За крзното морам да кажам дека не се сеќавам кога последен пат сум го користел во колекциите.“, изјави Karl Lagerfeld кратко пред ревијата во Њујорк.

Здружението ПЕТА го поздрави овој потег на Chanel и гo повика и Louis Vuitton да го продолжи патот на луксузната конкурентска куќа, но и брендовите Gucci, Armani, Versace, John Galliano…кои пред Chanel ги повлекоа крзнените производи.