Аксесоари за коса кои ќе ја одбележат оваа сезона | Trendseteri
Menu

Аксесоари за коса кои ќе ја одбележат оваа сезона

Аксесоари кои оваа сезона ќе ги гледате често

 

Доколку ви стана здодевна вашата стандардна фризура, овие аксесоари ќе ја направат интересна. Потребно ви е само неколку минути да направите интересна фризура со која ќе привлечете внимание.

Модните експерти ги избраа неколкуте аксесоари кои ќе бидат вистински хит и оваа сезона ќе ги гледате често.

 

Тренди фризури за оваа сезона

 

Лента за коса

Модел кој беше доста популарен ова лето, а ќе се задржи на врвот на листата и оваа сезона.

Марама во плетенка

Фризура која носи елеганција и женственост. Едноставен трик кој ќе го комплетира целиот стајлинг.

Шноли за коса

Овој тренд ги освои сите дами. Ставете некоја од овие шноли и за момент ќе дадете посебен печат на вашата фризура.

Украси за коса

Овие аксесоари веќе не се резервирани само за свечените прилики. Како што велат модните експерти, овие парчиња може да ги носите и во текот на денот во некоја лежерна комбинација.