Жените што носат црно се „опасни“! | Trendseteri
Menu

Жените што носат црно се „опасни“!


Жените кои често носат црно се истакнуваат и по својот карактер


Носењето на црно е повеќе од само едноставен моден избор. Жените кои често носат црно се истакнуваат и по својот карактер.

Не им е грижа што мислите за нив, магични се и самоуверени и веруваат во дела, а не во зборови.

Тие се искрени, амбициозни и не се извинуваат за постапките што ги прават.

Причини зошто жените што носат црно се „опасни“:

Жените што носат црно водат живот исполнет со најубави бои. Амбициозни се, балансирани и секогаш го пронаоѓаат излезот од хаосот.

Едноставни се, но самоуверени и атрактивни. Дури и истражувањата покажуваат дека околината ги перципира како такви.

Се водат од мотото „мини незабележано, но остави впечаток“ и тоа го прават со помош на својата ментална сила.

Имаат контрола врз својот живот и мразат да се жалат.

Повеќе се грижат да бидат тоа што се, отколку да следат наметнати модни трендови. Никогаш не ја следат толпата по секоја цена.

Длабоко размислуваат и имаат моќ да гледаат што се крие во луѓето. Поради едноставноста што ја практикуваат во животот имаат време за позначајните работи.

Отворени се и ако ги прашате за мислење ќе ви ја кажат вистината.

Префинети се и заплашувачки едновремено и кога ќе ги видите веднаш знаете дека со нив тешко се излегува на крај.

Не се плашат да прават промени во животот, без разлика дали тоа е работа, партнер, место на живеење или пријатели.

Не им е грижа дали ви се допаѓаат. Остануваат тоа што се во секоја пригода и не се трудат да ви се умилкуваат.

Повеќе се грижат за делата, отколку за зборовите. Мразат лажни ветувања и не трошат енергија на празни муабети.