Познатите дами ги открија нивните тајни за одржување на беспрекорниот изглед
Овие познати дами никогаш не изгледале поубаво, а ова се нивните тајни
Познатите актерки, манекенки и пејачки посебно внимание посветуваат на изгледот, затоа што постојано се во центарот на вниманието.
Еве како ја негуваат својата кожа и ја одржуваат младоликоста.
Claudia Schiffer- 48
Познатата германска манекенк не само што пие многу вода, таа и се мие исклучиво само со вода. Признала дека сака да го мие лицето со посебна вода после што кожата и сјае. Незнаеме дали е дестилирана или минерална, но знаеме дека во секој случај многу вода е нејзината тајна.
Demi Moore- 55
Тајната на нејзината младоликост е добра нега која вклучува потребна хидратација на кожа.
„Без оглед на тоа колку е доцна, кога ќе дојдам дома, одвојувам време темелно да го исчистам лицето и да го хидратирам“-кажа таа во една прилика.
Julia Roberts- 51
Julia тврди дека неносењето на шминка константно како другите е тајната на нејзиниот младешки изглед. Таа тврди дека никогаш не носи шминка кога не работи.
Elle Macpherson- 53 и Christie Brinkley- 64
Овие два модела веруваат дека со редовен пилинг кожата изгледа беспрекорно, тие се колнат дека нивната кожа е совршена само затоа што секојдневно употребуваат пилинг.
Meryl Streep- 69
Оваа ѕвезда и понатаму изгледа совршено како кога била млада. Нејзината тајна е органска храна, таа тврди дека нејзината кожа е сјајна затоа што конзумира само органски производи.
Helen Hunt- 55 и Julianne Moore- 57
Овие две дами тврдат дека заштитниот фактор е нивната тајна, дури и додека се во ладовина.
Emma Thompson- 59
Британската актерка обожава да вежба и кажува дека редовните вежби се тајна на нејзиниотмладолик изглед. Редовно оди на пилатес и доста шета.