Фармерките со висок струк му ласкаат на телото
Фармерките со висок струк нудат ретро – урбан шик, практични се, ги нагласуваат женските облини, ги издолжуваат нозете, одлично се вклопуваат во лежерни и кежуал парчиња и се одлично парче за претстојниот зимскиот период. Токму затоа овој модел на фармерки се „must have“ парче кое секоја девојка треба да го поседува.
Со обична маица или впечатлива блуза со нагласени ракави, со кратка јакна или со сако, со ниски обувки или високи сандали, постојат голем број начини на комбинирање со овој вид на фармерки.
Овој вид на фармерки се актуелни веќе неколку сезони и ги има во понудата на дизајнерските и колекциите на брендовите со достапни цени.