ФК Вардар со нов стадион во населба Карпош | Trendseteri
Menu

ФК Вардар со нов стадион во населба Карпош

ФК Вардар со нов стадион во населба Карпош

 

 

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе добие нов стадион кој ќе се гради во скопската општина Карпош, на местото каде што сега игра второлигашот Локомотива.

Сопственикот на Вардар, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко одамна имаше намера да изгради нов, помал стадион каде што црвено-црните би ги играле натпреварите од домашното првенство. Проектот за изградбата бил готов, доставен до надлежните во општина Карпош, од каде што без проблем се согласиле да бидат домаќини на најголемото фудбалско име во Македонија. Остануваат само да се средат бирократските работи за да може да почне изградбата на новиот црвено-црн храм, за кој ќе треба да помогне и државата која би требало да отстапи дел од нејзиното земјиште околу теренот на Локомотива.

Според извори на порталот skopje24.mk спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев изјавил дека потребно е да се утврдат техничките детали за овој проект.

„Tочно е дека е во план да се гради стадион на таа локација, ама треба допрва да се утврдат сите технички детали“, ни изјави Панчев.

„Црвено-црните“, кои сега се „кираџии“ на Националната арена „Филип втори“ имаат во план новиот стадион да биде суперлуксузен, со сите нишани и на него, покрај домашните првенствени и Куп средби, да можат да се играат и понеатрактивните европски дуели.