Како да изгледате повисоки во рамни чевли
Неколку трикови за џебните Венери
Високите потпетици не се единствениот начин да изгледате повисоки. Ако сте пониска и не сте љубител на високите потпетици, имаме прекрасни вести за вас, постојат неколку стилски трикови со чија помош ќе можете визуелно да ја издолжите вашата фигура со рамни чевли, па дури и во патики.
Покажете ги глуждовите
Панталони со нешто пократки ногавици можат визуелно да ги издолжат нозете во комбинација со рамни чевли. За подобар ефект одберете чевли со V израз кои ќе направат чуда за вашите нозе и целата фигура. Во спротивно, доколку одберете кратки чизми со тие панталони ќе имате потполно спротивен ефект.
Носете кратки здолништа
Фустаните и здолништата над колена секогаш е подобро да се комбинираат со рамни чевли, затоа што во комбинација со високи, ризикувате да изгледате ефтино. Носите ги со балетанки, мокасини па може и патики, но избегнувајте чизми, затоа что ќе ве направат уште пократки.
Бирајте „oversize“ маици
Комбинација на предимензионални маици и џемпери со тесни панталони, визуелно ќе ги направи вашите нозе повитки и подолги, без проблем какви чевли носите.
Гардероба со прорез
Долгите здолништа и фустани со прорез создаваат илузија на долги и витки нозе, а во тој слушај чевлите не играат никаква улога.
Вертикални линии
Наједноставен начин да изгледате повисоки без да носите високи потпетици е да облечете фустан, здолниште или панталони со линии. Дополнително е тоа што во такви парчиња изгледате и послаби.