Тренди здолништа за топли денови | Trendseteri
Menu

Тренди здолништа за топли денови

Модерен и шик начин за комбинирање на здолништа оваа пролет

 

Здолништата се дефинитивно едно од оние класични парчиња облека што никогаш не излегуваат од мода и на кои редовно се враќаме со појавата на потопли зраци на сонцето.

Без разлика дали станува збор за миди, макси или мини модел, едноставно совршено ќе ја надополни секоја облека. Се носат различните модели на здолништа оваа сезона; од плетени модели до молив стилот, во различни бои; од неутрално до поживописно, пролетно обоено. Ова парче облека можете да го комбинирате скоро во секоја прилика. Здолништата макси и миди ќе ја издолжат вашата фигура и ќе му дадат на вашиот стил допир на елеганција, така што тие се совршен избор за посериозен изглед. Со оглед на тоа дека сè уште не е многу топло, сепак можете да ја искористите ситуацијата и да го комбинирате омиленото здолниште дури и со џемпери, а во комбинација со бела или шарена кошула, ќе добиете неодолив деловен изглед.

Ги избравме најубавите модели што ќе задоволи токму за сечиј вкус, меѓу кои ќе најдете и модел за секоја пригода!