Одлични есенски модни трендови и како правилно да ги комбинирате
Сите ние знаеме дека секоја нова модна сезона носи и нови модни трендови за кои експертите се тврдат дека се сјајни, дека се големи и иновативни, дека се задолжителни и сѐ така во круг. Тоа е во ред, бидејќи секоја девојка понекогаш сака да се облече според најновата мода, но проблемите се создаваат кога се појавуваат нови трендови со кои не знаеме што да правиме, како тие навистина се носат во „реалниот живот“ и кои нè тераат да се запрашаме: „Во ред, го имам тоа задолжително есенско парче облека, но што да правам со него?“ Јасно ни е дека следењето на новите трендови понекогаш може да биде навистина тешко. Токму затоа, денес ви ги откриваме 3-те најголеми есенски модни трендови, но и што навистина треба да правите со нив, односно како тие навистина се носат.
Луксузно сако
Сакото е помодерно од кога било претходно, особено во оние луксузните, впечатливи бои, материјали, принтови… На вас е да го изберете вашиот модел и со оглед на тоа дека ова парче облека е впечатливо само по себе, потребна ви е некоја „помирна“ модна комбинација како на пример, омилените панталони или фармерки со едноставна блуза со занимлив натпис и класични аксесоари, како што се чизми до глуждовите и чанта во истиот стил и тон. Бидејќи сакото е тоа што ја води целокупната комбинација, останатите бои од вашата комбинација нека бидат смирени и примерни, а целокупниот изглед колку што е можно поминимален.
Силни бои
Многу ви се допаѓа идејата во текот на оваа есен да бидете во центарот на вниманието со некоја „силна“ боја, но од друга страна знаете дека тоа е една обврска повеќе и прашањето „Како да го сложите остатокот од комбинацијата?“ ви се врти низ глава. Секако дека можете да доминирате во црвена, сина, зелена или некоја друга силна боја, без разлика за кое парче облека станува збор. Послужете се со овој едноставен трик – црна кожна јакна во комбинација со црни чизми. Силната боја ќе изгледа „посмирено“, но и понатаму впечатливо.
Сјајни панталони
Уште еден од најголемите трендови за оваа есен се и сјајните панталони – кожи, латекс, со пулејки… Изборот е ваш! Најдобар начин да го „освоите“ овој изглед е да го направите монохроматски. Со други зборови, бојата на панталоните ја диктира бојата на останатиот дел од модната комбинација и тоа е одлична оптичка илузија. Ќе изгледа како да не носите една боја од глава до пети, заради сјајните панталони, а всушност носите, па тоа ќе ви даде еден занимлив, кул и модерен ефект.