Едно парче е доволно да блескате со елеганција | Trendseteri
Menu

Едно парче е доволно да блескате со елеганција

Со еден потег ќе бидете кралица на вечерта

 

Не е ниту кошула, здолниште, сако, пантолони, ниту фустан, туку е комбинезон. Комбинезоните ќе бидат едно од must have парчињата во 2020 година, а ќе ги гледаме во различни варијанти. Меѓутоа црната варијанта е онаа што посебно се издвојува.

Доколку сакате парче кое за момент ќе ја реши сета ваша дилема што да облечете за некоја свечена прилика, тогаш ви го предложуваме овој модел во кожна варијанта со металик детали, дел од колекцијата пролет/лето 2020 на дизајнерката Isabel Marant.

Подигнете ја косата, закружете го стајлингот со впечатлив накит, сандали или чизми и со еден потег ќе бидете кралица на вечерта.