Тангите смеат да се видливи – Џенифер Лопез го враќа трендот од 90тите
Кога Џенифер Лопез ќе прошета во некое шокантно парче, можете да бидете сигурни дека наскоро сличен или ист таков модел многу брзо ќе стане еден од водечките трендови. Да, таа важи за многу битна позната личност и трендсетерка која ја диктира модата.
Иако овој тренд во 90тите траеше многу кратко, никако не е заборавен.
Па така кога кога Џенифер ќе прошета ваков тренд кој подразбира ист тон на панталони и танга гаќички, направени од ист материјал, нешто поразлично од минатата мода, е веќе нешто друго и изгледа далеку поприфатливо.
Широки ногавици и кроп топ маица со многу сребрени асесоари и додатоци, ја направи спортско-елегантната комбинација многу ефектна и примамлива.